Архитектура

Збор-два за предизвикот

Одржливоста во градежниот сектор станува се повеќе потреба не само на владите, туку и на сопствениците и корисниците на градежните објекти. Ова упатува на развој на нови холистички концепти, заедно со побарувачка на нови технологии, нови методи на градба, еколошки безбедни градежни материјали и еко-пријателско користење на енергијата.

Како што растат тешкотиите кои резултураат од климатските промени и од се поскапите фосилни горива, така овде наведените правци на развој стануваат принципи кои се поважни за архитектите, планерите и сопствениците. Ова важи како при градењето на нови објекти така и при модернизацијата на постоечките. Потребните технологии и производи за реализација на воспоставените принципи се широко достапни.

arhitektura Сепак, ни се испречува често пројавениот недостаток на практично искуство со принципите на одржливо градење и со стандардизирањето на методите за проценка на одржливоста на компонентите, како што се вратите, прозорците и фасадите. Трговијата сеуште не го прифаќа вреднувањето на производите кое би се заснивало првенствено на CO2 отпечатокот на производот…

1. Саем и 2. конференции во Виена

1.Саем за Здраво Градење и Штедење на Електрична Енергија Виена, 12-15 февруари 2015 год. Изминатава зима АРХАМ беше дел од BAUEN & ENERGIE WIEN, саем за здраво градење, реновирање, безбедност, објекти со бањи, финансирање и штедење на електрична енергија.  Главната цел на овој саем се најновите достигнувања и пронајдоци во областа на заштита на животната средина […]повеќе »

ПЕЕБПЕ Проект

ПЕЕБПЕ е акроним за проектот со наслов: Унапредување на енергетската ефикасност кај градбите и заштита на животната средина. Проектот настана како резултат на успешната соработка на четири партнери: Технолошко-образовниот институт (ТОИ) од Кожани, западна Македонија, Република Грција, општина Ресен, соседната општина Преспес (Грција) и нашето здружение АРХАМ, по два од секоја земја, во рамките на Програмата […]повеќе »

Македонско око на Израел и Израелско око на Македонија

На 16.12.2015 г. во Домот на културата во Битола се одржи изложба наречена Македонско око на Израел и Израелско око на Македонија. Како што самиот наслов кажува, тоа беше изложба на фотографии направени од двајца професионални фотографи од Македонија и Израел. Целта беше да сликаат моменти и места во земјите од нивна гледна точка, без […]повеќе »

Свечена церемонија - официјален почеток на проектот Меморијален парк на Евреите од Монастир - Битола

Студеното време не беше пречка за официјалното отпочнување на проектот Меморијален парк на Евреите во Битола – Монастир кое беше проследено со многу ентузијазам и надеж за создавање на место со кое Битола би се гордеела во иднина, кое би било вистинска атракција и магнет за туристите во иднина, но и приказ на големата почит […]повеќе »

Проширување на Меморандумот за соработка

  На 16.12.2015 г. беше потпишано проширување на Меморандумот за соработка склучен меѓу општина Битола, амбасадорот Н.Е. Дан Оријан и АРХАМ – иницијаторот на целокупната идеја, и тоа симболично, во детската градинка Естреја Овадија Мара. Со потпишувањето на овој договор кон проектот и официјално се приклучија Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите. Важноста […]повеќе »

Older Entries »