Како со постоечкиот простор

Изграденото окружување е создавач на идентитетот на еден град-предизвик за сопствениците, проектантите и локалната власт. Да го трансформираме и да го искористиме за создавање на нова креација. Тоа бара целосен респект кон неговото постоење, запознавање на неговите материјални, просторни, културни, социјални и економски самоодржливи вредности. Како и промовирање на методи и елементи за поддршка и охрабрување за користење на изградениот простор преку иновативни прoекти, добри примери и финансиски олеснувања.

Творештвото кое настанува низ процесот на промените на веќе создадениот простор, кој има свој соптсвен идентитет и знаењето и моќта на архитектот да го почувствува духот на средината изразен со физичките и духовните вредности на затекнатиот простор.