Иноваторот од Пирот Јовица Перишиќ конструирал специјален камин на цврсто гориво, кој што троши значително помалку гориво. Конкретно, направената печка троши од 30 – 50% помалку огревно дрво, но во исто време го намалува загадувањето кое што се јавува во текот на горењето на дрвото.

Според иноваторот, наместо класичниот чад кој што се јавува во текот на согорување кој што содржи голем број на отровни и канцерогени материи, од каминот излегува чад кој што наликува на водена пареа.

Благодарејќи на оваа печка, фамилијата на Јовица Перишиќ, која што се грее на дрво, за греење на еден кат кој што има површина од 45 метри квадратни троши 3 кубици дрва.

Печката ја конструирал во 2011 година и истата е тестирана од страна на експертите од Машинскиот факултет од Ниш и сите тие беа одушевени со фактот дека од печката излегува чад кој што содржи минимални количества на штетни гасови во споредба со класичните печки на дрва.

Чадот кој што излегува од стандардните печки на дрва содржи голем број на експлозивни гасови, јаглерод – моноксид, азотни оксиди, водород и други штетни гасови. Кај стандардните печки овие гасови дополнително содржат ситни честички кои што ја загадуваат човековата средина“, изјави Пешиќ.

Тој додаде дека печката која што ја конструирал ги искористува овие експлозивни гасови и во контролиран процес ги гори во печката.

Извор: Танјуг