Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (WeBSEFF) која работи под  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се покажа како навистина успешен проект за развој на енергетската ефикасност на земјите од Западен Балкан.

Првата етапа на проектот траеше од 2009 до 2013 година, пришто беа искористени 59 милиони евра за проекти поврзани со енергетска ефикасност, а резултираа со драстично намалување на CO2 емисиите еквивалентно на одземање на 77000 автомобили на гошно ниво и намалена потрошувачка на енергија.

Со оглед на успехот на првата етапа, WEBSEFF одлучи да спроведе и втора програма во која од октомври 2013 година пушти нова кредитна линија од 75 милиони евра кои ќе можат да ги искористат компаниите, јавните институции и општините во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Програмата можи да обезбеди до 2000000 евра за приватните бизниси и до 2500000 евра за општините. За да се обезбедат овие фондови постојат одредени предуслови. Во случај да се модернизира технологијата која се користи, мора да се гарантира дека потрошувачката или емисиите ќе бидат намалени за најмалку 20%. Доколку станува збор за инвестирање во објекти, тогаш мора да се гарантира најмалку 30% енергетска ефикасност. Висината на грантовите за бизнисите е 5-10%, а 10-15% за општините.

Партнер банките се: Raiffeisen Bank, UniCredit Bank од БиХ, Zagrebacka Banka, Erste Bank, PBZ од Хрватска, Banca Intesa, Komercijalna Banka од Србија, Охридска Банка, NLB Тутунска Банка од Македонија.

Според информациите на интернет страницата на WeBSEFF, во Македонија се искористени околу 11 милиони евра од инвестициските фондови. Најчеста причина за искористување на овие фондови се проекти за енергетса ефикасност и обновлива енергија. Најголем број на овие фондови се искористени во Скопје.

Извори:

http://www.webseff.com/index.php?lang=en