Лесно е да се игнорираат големи проблеми кога директно не нè засегаат. Пример за тоа е наводнувањето на земјоделските површини.

Далеку најразвиени системи за наводнување и разумно користење на водата ги има на Блискиот Исток. Со оглед на тоа што регионот се наоѓа во пустина и е тешко да се најде било каков извор на вода, не е ни чудно што таму се наоѓа и најсофистицираната технологија за водоснабдување. Поради својата универзалност, технологијата најде примена и на нашите простори, како што е на пример системот капка по капка кој е широко применет во Република Македонија.

Примитивни верзии на системот капка по капка биле користени уште во антиката. Модерната верзија на системот започна да се развива во 1860 година во Германија каде што истражувачите почнаа да експериментираат со подземни глинени цевки во систем во кој добиваа и наводнување и одводнување. Понатамошниот развој на овој систем се случи во дваесеттите години на минатиот век кога за прв пат беа пуштени во употреба. Пластичните цевки во овој систем прв ги употреби Ханис Тил. Употребата на пластичен емитер за прв пат беше развиена во Израел од страна на Симича Блас и неговиот син Јешајаху. Наместо водата да излегува преку мали отвори кои лесно се затнувале, таа излегувала од поголеми отвори и со помош на емитерот се намалува брзината на водата при излезот. Првиот ваков систем бил поставен во 1959г.  од страна на Блас кој подоцна во 1964 г. стапува во партнерство со Кибуц Хацерим и заедно ја создаваат компанијата за наводнување Нетафим. Заедно го развија и патентираа привиот практичен надземен емитер за системот капка по капка.

Новите трендови во оваа технологија вклучуваат и системи кои се подземни и се поставуваат пред да биде засадена по
вршината со земјоделски култури и системот се чисти со различни препарати. Исто така се наоѓаат и системи со сензори кои ја мерат влажноста на почвата и така се знае колку вода за наводнување ќе биде потребна.

Самиот систем доведе до револуција во наводнувањето на земјоделските површини поради неколку причини. Прво копањето на бразди е целосно непотребно, едноставно саDripirrigationмо се поставува системот и потоа се одржува. Второ со овој систем се задржуваат сите хранливи состојки на почвата бидејќи капалките се концентрираат околу корените на растенијата и затоа искористеноста на хранливите материи е поголема.  Исто така не мора повеќе да се рамнат површините бидејќи системот може да си прилагоди на површината, а се намалува и ерозијата и растот на тревките во самото поле.

Во Република Македонија преку програмите за Рурален развој и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се дава финансиска поддршка на земјоделците кои сакаат да воведат ваков систем на своите земјоделски површини. За да можата да се добијат овие финансиски фондови мора да се исполнуваат услови. 30 до 60 дена од денот на пријавување, програмите ги објавуваат земјоделците кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка и истите се исплатени околу 6 месеци по пријавувањето. Земјоделците обично добиваат 50% финансиска поддршка за своите трошоци.

Системот капка по капка се докажа како еден од најдобрите начини за наводнување на земјоделските површини и неговата практичност и искористеноста во голем дел од светот се карактеристиките што го прават толку уникатен овој систем.