Секогаш е полесно да се зборува отколку да се докажува на дело. Но, има и такви кои навистина прават неверојатни достигнувања во околности во кои нема место за било какви грешки и успеваат да го направат светот подобро место за живеење. Факт е дека мораме да ги користиме нашите ресурси на што е можно попаметен начин затоа Мекорот, компанијата која го снабдува Израел со вода, остварува неверојатни успеси во оваа гранка и поставуваат најдобар пример за тоа како паметно да се искористи тоа што го имаме на располагање.

mekorot_eng_0002_Layer-3Рационалното искористување на ресурсите претставува основа за ефикасно работење, особено кога ресурсите се во дефицит. Ситуацијата во која се наоѓа Израел довела до тоа да треба да се пронајдат најразлични начини на искористување на природните ресурси. Затоа не е ни чудно што Мекoрот е една од компаниите со најразвиена технологија за снабдување со вода во целиот свет. Најдобар пример за ова се триесет и петте станици кои ја прочистуваат морската вода и ја претвараат во вода поволна за домашна употреба. Оваа вода ќе покрива 75% од потребите на домаќинствата и понатаму ќе биде пренесена од новите структури за пренесување на водата до потрошувачите. Исто така Мекорот е водечка компанија во светот во пронаоѓање на водени извори на длабочина од 1,5 километри под површината. Но, она што остава најголем впечаток е тоа што загубата на вода во текот на пренесувањето е само 3% по целиот водотек. Само како споредба во Република Македонија таа загуба е преку 50% по сите мрежи. Покрај проектите во Израел, Мекорот исто така има свои проекти во Кипар, Аргентина, Азербејџан, Индија, Централна Азија, Африка, Јужна Америка, Источна Европа и земјите на Балканот.

Во октомври оваа година Мекорот ќе присуствува како еден од организаторите на Watec 2015 во Тел Авив која претставува една од најголемите и најпрестижните конференции за квалитетот и технологијата за искористување на водата.

Слободно може да се каже дека Мекорот успева да направи чудо на територијата  Израел и со тоа да ја достигне својата идеја и притоа да остави одличен пример за останатите.

Извори:

http://watec-israel.com/Mekorot

 

Видеото е преземено од http://watec-israel.com/Watec-Israel-Videos.