photo 4Пасивната куќа е најнов стандард во градежништвото кој овозможува енергетска ефикасност, удобност, економска исплатливост, лесно достапен, а истовремено е и еколошки одржлив. Passivhaus /пасивната куќа не претставува бренд туку концепт на конструкција која може да се примени од страна на било кој инвеститор. Овој концепт на куќа даде многу позитивни резултати во праксата со самото тоа што овозможува заштеда на енергија до 90% во споредба со типичните европски згради и преку 75% заштеда на енергија во споредба со новоизградените објекти. Заштедата уште повеќе се отсликува во топлите климатски зони каде објектите имаат поголема потреба од ладење.

photo 1Пасивните куќи се исто така познати и по својата удобност, како и по неограниченоста при архитектонското проектирање.Тие ги користат внатрешните извори на енергија на објектот, соларната енергија како елементарен извор, а посебна енергетска ефикасност се постигнува со специјално вградените материјали со висок степен на изолација како што се посебниот вид на прозорци, надворешни ѕидови со добра изолација, покрив и подни плочи со посебна спецификација и вградени енергетски изолациони материјали.

Вентилирачките системи се задолжително застапени во пасивните куќи и освен тоа што овозможуваат врвен квалитет на воздухот во внатрешноста на објектот, истите овозможуваат топлината во веќе искористениот воздух повторно да се искористи, условно речено да се рециклира искористениот воздух. Со вградувањето на овие вентилациони системи се постигнува голема заштеда на енергијата при што воопшто не се намалува квалитетот и удобноста на живеење, туку истиот значајно се зголемува.

photo 3