photo 4Дизајнерот Michael Jantzen е проектант на иновативното  решение за самоодржлива урбана соларна фарма за производство на храна. Истата е наменета за урбани средини и единствен извор на енергија е соларната. Целата конструкција има цилиндричен облик, а материјалот од кој е изработена е целосно од челик. Во внатрешноста се наоѓа базен со вода во кој се одгледуваат риби, додека изметот од рибите се користи како ѓубриво за растенијата во фармата. Зградата се состои од два дела: стаклен и затворен дел.

photo 2Во текот на топлите денови објектот се отвора за да се спречи негово преголемо затоплување како и да се обезбеди природна вентилација. Во зима пак, објектот комплетно се затвора со што се спречува замрзнување на растенијата и на рибникот кои се сместени во зградата.

photo 5Централен дел од зградата зазема атрактивен аквариум со риби кој е обиколен со декоративни растенија, што значи објектот претставува истовремено и ботаничка градина и аквариум. Централниот дел на објектот содржи цилиндри изработени од материјал кој складира топлинска енергија, која во ладните временски периоди се користи за одржување на постојана температура во фармата. Исто така објектот располага со огромен соларен колектор кој ја следи положбата на сонцето во текот на денот, ја акумулира, а потоа ја рефлектира во внатрешноста со што ја одржува топлината на просторот.

Овој објект претставува систем за одржлив развој на енергијата како и решение за одгледување на органска храна во урбани средини.