На 16.12.2015 г. во Домот на културата во Битола се одржи изложба наречена Македонско око на Израел и Израелско око на Македонија. Како што самиот наслов кажува, тоа беше изложба на фотографии направени од двајца професионални фотографи од Македонија и Израел. Целта беше да сликаат моменти и места во земјите од нивна гледна точка, без никакви инструкции, со цел да ја прикажат вистинската слика на земјите кои ги посетиле, односно како тие ја гледаат со сопствените очи.

Изложбата беше посетенDSCF4611(1)а од многу јавни личности, и беше дел од настаните кои ги посетија младите амбасадори од младинската организација Бнеи Акива и последователно продолжение на активностите поврзани со проектот Меморијален парк на Евреите од Битола – Монастир. Самото тоа значи дека изложбата ја посетија градоначалникот на Битола д-р. Владимир Талески, амбасадорот Н.Е. Дан Оријан, членовите на АРХАМ, сите останати посетители од Израел, и многу други. Во рамките на изложбата хор испеа традиционални македонски битолски песни, а како одговор младинците од Бнеи Акива имаа подготвено своја изведба на традиционални израелски мелодии.