НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ 2014

Битола, 10/11 Јуни

НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ ќе се одржи во Битола, на 10 и 11 Јуни 2014 г. во организација на Здружението за одржлив урбан развој АРХАМ од Битола

Целта на оваа конференција е да ги промовира инженерските, економските и правните постапки за унапредување на енергетската ефикасност кај градбите.

На конференцијата ќе земат учество инженери вклучени во проектантската постапка, научната јавност, институциите надлежни за спроведување на енергетските политики и заштита на животната средина, корисниците на јавните објекти, како и професионалните организации и граѓански здуженија кои се залагаат за енергетската ефикасност.

Се очекува оваа Конференција да влијае врз јавната свест за неопходноста од унапредување на енергетската ефикасност, да ги стимулира инженерските истражувања во оваа област, да ги оцени државните и месните законодавности поврзани со енергетската ефикасност и да ги објасни можностите за финансиски и фискални олеснувања за изградба или реконструкција на градби од висока енергетска класа.

За постигнување на овие резултати ќе бидат одржани 6 пленарни сесии и ќе бидат промовирани Пелагонискиот Регионален Центар за енергетска ефикасносност и новиот Водич за енергетска ефикасност.

Конференцијата е дел од меѓународниот проект УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, кој се спроведува под финансиско покровителство на Европската Унија, а во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција (2007-2013).