memorandum za sorabotka slika1 prezemena od republika.mkНа 16.12.2015 г. беше потпишано проширување на Меморандумот за соработка склучен меѓу општина Битола, амбасадорот Н.Е. Дан Оријан и АРХАМ – иницијаторот на целокупната идеја, и тоа симболично, во детската градинка Естреја Овадија Мара. Со потпишувањето на овој договор кон проектот и официјално се приклучија Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите. Важноста на настанот најдобро ја докажува присуството на личности како Мати Грунберг – уметник со светско реноме кој меѓу другото работел gradinka2и на албумите на Џон Ленон, неговата сопруга, брачниот пар Голдшмит – светски познати продуценти кои добија задача од израелското Министерство за надворшени работи да снимаат документарен филм за оваа приказна, преку 25 членови од најголемата младинска организација во Израел Бнеи Акива, претставници од Универзитетот Бар Илан од Тел Авив и многу други. Во чест на овој настан беше организирана и мала приредба со која дечињата од градинката ги воодушевија присутните, додека пак амбасадорот Оријан со големо задоволство донираше книги од израелски автори за библиотеката на градинката.