Студеното време не беше пречка за официјалното отпочнување на проектот Меморијален парк на Евреите во Битола – Монастир кое беше проследено со многу ентузијазам и надеж за создавање на место со кое Битола би се гордеела во иднина, кое би било вистинска атракција и магнет за туристите во иднина, но и приказ на opening ceremony1големата почит која овој град ја има кон своите минати жители од Израел. Свечената церемонија ја отвори координаторот на проектот – Марија Герас Дочовска од АРХАМ, а потоа свои говори одржаа министерката за култура на Реп. Македонија Елизабета Канческа-Милеска, министерот Џери Наумоф, Н.Е. амбасадорот Дан Оријан, градоначалникот на Битола др. Владимир Талески, претседателката на Еврејската заедница во Р. Македонија Берта Романо-Николиќ и Шели Леви Друмер од Бар Илан Универзитетот од Тел Авив. Меѓу присутните на настанот беа и многу други јавни личности, како и група млади луѓе од младинската организација Бнеи Акива од Израел. После свечените говори беше глopening ceremony3авниот момент кој официјално го означи почетокот на проектот, засадувањето на 5 магнолии и уште 50 дрвца долж источниот ѕид на гробиштата.

„Ова е посебен ден за мене и за нашите два народи. Она што го започнавме пред неколку месеци , го продолжуваме сега, да создадеме коалиција меѓу двата народи“, рече амбасадорот Оријан.

Самиот проект предвидува расчистување, реставрирање и зачувување на Еврејските гробишта и создавање на модерен парк кој би вклучил и современа технологија со што би бил место за посетители, место за одмор и уживање за граѓаните на Битола, како и показател на урбан развој преку одржливи решенија донесени од една од најнапредните земји во светот – Израел.

 

Преземено од ТВ Орбис

 

Преземено од ТВ Тера