Проекти

Во современиот свет на бизнисот и науката, проектот е дефиниран како колаборативен потфат кој вклучува истражување и проектирање кои се внимателно испланирани да постигнат одредена цел (реф: Оксфорд Англиски Речник)

Што може уште да се каже за проектите?  Тие почесто  се времени отколку трајни друштвени или работни системи кои треба да спроведат конкретни задачи во однапред определени временски рамки. Проектите се најчесто дел од поширока програма или истите по успешното спроведување преминуваат во програми.

Самиот термин проект доаѓа од латинскиот поим projectum  и во својата  изворна форма значи „пред-дејствие

Успешноста на еден проект се мери според оствареноста на поставените цели.  Затоа при поставувањето на целите треба да бидат користени т.н. “SMART” критериуми. Тоа значи дека целите треба да бидат: специфични, мерливи, остварливи, реалистични и временски ограничени.  Вреднувањето се врши на крајот при што се мерат производите, резултатите и влијанието кои проектот ги извршил врз почетниот предизвик или ситуација.

Проектите минуваат низ дефинирани и изразливи фази. Секоја фаза има своја заокруженост, по чие постигнување започнува следната фаза. Резултатите од секоја фаза кои се состојат од одредени производи или достигнувања, претставуваат почетна точка за фазата која следи. Ова е идеално време за ажурирање на почетните планови, оценување на менаџерските постапки и проценка на проектните трошоци и перспективи.

Организациите кои во своето работење се проектно ориентирани можат да се натпреваруваат за добивање на техничка и финансиска поддршка од домашни и меѓународни донатори. Европската унија го препорачува и поддржува  менаџирањето со проектниот циклус (Project Cycle Management – PCM) како  прифатлив метод на проектно работење. Ви го препорачуваме Водичот за менаџирање со проектниот циклус, издаден од Европската Унија (http://ec.europa.eu/europeaid), кој можете да го превземете тука.