Цел на проектот е подигање на свеста на населението за ефикасно искористување на енергијата, со што се поттикнува примена на економско исплатливи енергетско ефикасни технологии, материјали и услуги. Затоа зголемувањето на енергетската ефикасност доведува до намалување на потрошената енергија. Исто така, проектот има за цел директно да се намалат емисиите на стакленички гасови кои придонесуваат ефект за глобално затоплување и загадување на животната средина. Крајна цел на проектот е поттикнување и забрзување за формирање на самостоен самоодржлив центар за енергетско ефикасни технологии, материјали и услуги кај зградите.

Во проектот се предвидени разни инструменти и активности за достигнување на наведените цели. Посебно вреди да се истакни изведувањето на енергетски прегледи кај зградите и обезбедување на стручна техничка помош во изработка на проекти за подобрување на енергетската ефикасност и подготовка и имплементација на проекти за систематско управување со енергијата во зградите.
Со оценување на објектите добиени се и првите резултати од енергетските контроли. беа применети различни методи и техники за добивање на економски оправдани решенија и се признаваат како најсоодветен начин за прикажување на стандардизирани процедури и процедури за спроведување на општите и деталните енергетски контроли. Врз основа на многу годишното искуство на партнерите во проектот, ќе биде извршена и енергетска ревизија откако ке бидат имплементирани мерките за енергетска ефикасност и заштита на животната средина.