ПЕЕБПЕ е акроним за проектот со наслов: Унапредување на енергетската ефикасност кај градбите и заштита на животната средина.

Проектот настана како резултат на успешната соработка на четири партнери: Технолошко-образовниот институт (ТОИ) од Кожани, западна Македонија, Република Грција, општина Ресен, соседната општина Преспес (Грција) и нашето здружение АРХАМ, по два од секоја земја, во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија 2007-2013.

Под слоганот ЗАШТЕДИ ЈА ЕНЕРГИЈАТА, ЗАЧУВАЈ ЈА ОКОЛИНАТА активно се вклучуваме во борбата со климатските промени.

Главните предизвиците со кои требаше да се соочиме беа:

  • Намалување на емисиите на јаглерод диоксид кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина
  • Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти
  • Развивање на институционална рамка за регионално делување на полето на енергетската ефикасност
  • Јакнење на капацитетите во јавниот и приватниот сектор за зголемување на енергетската ефикасност
  • Подигање на граѓанската свест за потребата, но и за начините за ефикасна борба со климатските промени.

proektot1

Кои чекори ги презедовме?

Испитувавме, меревме, пресметувавме, проектиравме и спроведувавме.

  • Извршивме детална енергетска ревизија на 25 јавни објекти, од кои во 15 во општина Ресен и 10 во општина Битола
  • Стекнавме меѓународни искуства преку учество во деталната ревизија на 25 јавни објекти во општина Преспес, Грција
  • Ги усогласивме спроведените испитувања со новата законска методологија за енергетска контрола
  • Развивме студија за целосна енергетска ефикасност, или нулта енергетска емисија, на еден јавен објект во општина Ресен
  • Спроведовме паметни интервенции за зголемување на енергетската ефикасност на СОУ Цар Самоил – пилот јавен објект во општина Ресен

proektot2

Потоа споделувавме со граѓаните преку проектни активности, направивме интерактивна интернет страница за енергетска ефикасност, изработивме и пуштивме во опсег водич за енергетска ефикасност со практилни совети и корисни информации, организиравме конференција за енергетска ефикасност кај зградите на државно ниво, семинари за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата, спроведувавме специјализирани обуки.

proektot3

 

На крај, но не и за крај, основавме Регионален Центар за Енергетска Ефикасност кој ја продолжува активноста и по завршувањето на  проектот.

 

 

Повеќе детали за проектот можете да најдете на официјалната интернет страница: www.peebpe.eu

 

copyProject