Category Archives: Занимливости

Лесно е да се игнорираат големи проблеми кога директно не нè засегаат. Пример за тоа е наводнувањето на земјоделските површини.

Далеку најразвиени системи за наводнување и разумно користење на водата ги има на Блискиот Исток. Со оглед на тоа што регионот се наоѓа во пустина и е тешко да се најде било каков извор на вода, не е ни чудно што таму се наоѓа и најсофистицираната технологија за водоснабдување. Поради својата универзалност, технологијата најде примена и на нашите простори, како што е на пример системот капка по капка кој е широко применет во Република Македонија.

Примитивни верзии на системот капка по капка биле користени уште во антиката. Модерната верзија на системот започна да се развива во 1860 година во Германија каде што истражувачите почнаа да експериментираат со подземни глинени цевки во систем во кој добиваа и наводнување и одводнување. Понатамошниот развој на овој систем се случи во дваесеттите години на минатиот век кога за прв пат беа пуштени во употреба. Пластичните цевки во овој систем прв ги употреби Ханис Тил. Употребата на пластичен емитер за прв пат беше развиена во Израел од страна на Симича Блас и неговиот син Јешајаху. Наместо водата да излегува преку мали отвори кои лесно се затнувале, таа излегувала од поголеми отвори и со помош на емитерот се намалува брзината на водата при излезот. Првиот ваков систем бил поставен во 1959г.  од страна на Блас кој подоцна во 1964 г. стапува во партнерство со Кибуц Хацерим и заедно ја создаваат компанијата за наводнување Нетафим. Заедно го развија и патентираа привиот практичен надземен емитер за системот капка по капка.

Новите трендови во оваа технологија вклучуваат и системи кои се подземни и се поставуваат пред да биде засадена по
вршината со земјоделски култури и системот се чисти со различни препарати. Исто така се наоѓаат и системи со сензори кои ја мерат влажноста на почвата и така се знае колку вода за наводнување ќе биде потребна.

Самиот систем доведе до револуција во наводнувањето на земјоделските површини поради неколку причини. Прво копањето на бразди е целосно непотребно, едноставно саDripirrigationмо се поставува системот и потоа се одржува. Второ со овој систем се задржуваат сите хранливи состојки на почвата бидејќи капалките се концентрираат околу корените на растенијата и затоа искористеноста на хранливите материи е поголема.  Исто така не мора повеќе да се рамнат површините бидејќи системот може да си прилагоди на површината, а се намалува и ерозијата и растот на тревките во самото поле.

Во Република Македонија преку програмите за Рурален развој и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се дава финансиска поддршка на земјоделците кои сакаат да воведат ваков систем на своите земјоделски површини. За да можата да се добијат овие финансиски фондови мора да се исполнуваат услови. 30 до 60 дена од денот на пријавување, програмите ги објавуваат земјоделците кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка и истите се исплатени околу 6 месеци по пријавувањето. Земјоделците обично добиваат 50% финансиска поддршка за своите трошоци.

Системот капка по капка се докажа како еден од најдобрите начини за наводнување на земјоделските површини и неговата практичност и искористеноста во голем дел од светот се карактеристиките што го прават толку уникатен овој систем.

Секогаш е полесно да се зборува отколку да се докажува на дело. Но, има и такви кои навистина прават неверојатни достигнувања во околности во кои нема место за било какви грешки и успеваат да го направат светот подобро место за живеење. Факт е дека мораме да ги користиме нашите ресурси на што е можно попаметен начин затоа Мекорот, компанијата која го снабдува Израел со вода, остварува неверојатни успеси во оваа гранка и поставуваат најдобар пример за тоа како паметно да се искористи тоа што го имаме на располагање.

mekorot_eng_0002_Layer-3Рационалното искористување на ресурсите претставува основа за ефикасно работење, особено кога ресурсите се во дефицит. Ситуацијата во која се наоѓа Израел довела до тоа да треба да се пронајдат најразлични начини на искористување на природните ресурси. Затоа не е ни чудно што Мекoрот е една од компаниите со најразвиена технологија за снабдување со вода во целиот свет. Најдобар пример за ова се триесет и петте станици кои ја прочистуваат морската вода и ја претвараат во вода поволна за домашна употреба. Оваа вода ќе покрива 75% од потребите на домаќинствата и понатаму ќе биде пренесена од новите структури за пренесување на водата до потрошувачите. Исто така Мекорот е водечка компанија во светот во пронаоѓање на водени извори на длабочина од 1,5 километри под површината. Но, она што остава најголем впечаток е тоа што загубата на вода во текот на пренесувањето е само 3% по целиот водотек. Само како споредба во Република Македонија таа загуба е преку 50% по сите мрежи. Покрај проектите во Израел, Мекорот исто така има свои проекти во Кипар, Аргентина, Азербејџан, Индија, Централна Азија, Африка, Јужна Америка, Источна Европа и земјите на Балканот.

Во октомври оваа година Мекорот ќе присуствува како еден од организаторите на Watec 2015 во Тел Авив која претставува една од најголемите и најпрестижните конференции за квалитетот и технологијата за искористување на водата.

Слободно може да се каже дека Мекорот успева да направи чудо на територијата  Израел и со тоа да ја достигне својата идеја и притоа да остави одличен пример за останатите.

Извори:

http://watec-israel.com/Mekorot

 

Видеото е преземено од http://watec-israel.com/Watec-Israel-Videos.

 

Еврејските гробишта во Битола/Монастир „Дом на живите” (Беит Хаим), беа основани во 1497 година, само пет години по нивното протерување од Шпанија. Ова се едни од најстарите, ако не и најстари, еврејски гробишта на Балканот. Тие беа користени повеќе од 400 години од страна на еврејското население во Битола.

Во текот на Првата светска војна, кога линијата на фронтот минуваше низ градот, еврејските гробишта претрпеа тешки оштетувања од страна на  бомбардирањата на Централните сили (Германија и Бугарија) во текот на 1916 година.

Во 1924 година во Битола пристигна рабинот Шабтаи Џаен и веднаш увиде дека гробиштата се наоѓаат на периферијата од градот и дека се во многу лоша состојба. Голем дел од спомениците беа разнесени и се користеа како материјал за градење. Честопати натписите биле отстранувани, но некогаш останувале како украси. Останатите надгробни плочи биле расфрлани, разрушени и почнале да мувлосуваат. Со цел да собере придонеси од еврејските мигранти по потекло од Битола, рабинот Џаен отпатувал за Америка. Кога се вратил во 1929 година, покренал акција со цел изградба на заштитен ѕид околу гробиштата со железни ковани решетки во средината на кои стоела Давидовата ѕвезда. Овој ѕид ги заштитил гробиштата од понатамошни оштетувања и уништувања вклучувајќи го и периодот на бугарска окупација во Втората светска војна.

Гробиштата беа напуштени и оставени на пропаст по депортацијата на евреите од Битола во 1943. Бугарските војници ги користеевр гроб1ле надгробните плочи за да ги поплочат своите воени кампови, парадни простори, подот на нивните касарни, базенот, ѕидовите на бањите, тротоарите итн. Сè што остана беа само смачкани парчиња од надгробните плочи расфрлани насекаде низ гробиштата.

Во 1961 година, Советот на град Битола донесе одлука за ремоделирање на целиот комплекс и поставување на меморијален парк под државна закрила со цел да ги одржи сеќавањата на евреите во Битола
. Проектот беше развиен и почетните трошоци беа пресметани, делот од финансиите кои го засегаа просторното реконструирање беа и доделени, но ништо не беше преземено.

Во 1997 година, точно 500 години по нивното оформување, беше покрената граѓанска кампања за да се обноват гробиштата и да се изгради меморијален центар на Холокаустот. Извршена е значителна работа, во кои спаѓа и реставрацијата на влезната порта, која е прогласена за културно историски споменик. Портата има лак изработен во готски стил придружена со два прозорци од страните во истиот стил. Горниот дел на фасадата е декорирана со ребрасти издатоци.

Со почетокот на изградбата на Меморијалниот центар во Скопје во 2005 година, иницијативата за изградба на меморијален центар во Битола опадна.

Денес, гробиштата се целосно заградени со ѕидови (три страни се целосно изѕидани, додека предниот дел има и железна решетка). Главниот влез се наоѓа во подножјето на ридот. Неколку илјади гробни места сè уште постојат, повеќето се нечитливи, освен неколку кои се наоѓаат во долниот лев агол од страната на влезот и се во добра состојба. Поголемиот број на надгробни плочи се во хоризонтална положба по Сефардискиот обичај.

Извори:

Шломо Албохер „The life and times of the departed Jewish community of Bitola“

Иноваторот од Пирот Јовица Перишиќ конструирал специјален камин на цврсто гориво, кој што троши значително помалку гориво. Конкретно, направената печка троши од 30 – 50% помалку огревно дрво, но во исто време го намалува загадувањето кое што се јавува во текот на горењето на дрвото.

Според иноваторот, наместо класичниот чад кој што се јавува во текот на согорување кој што содржи голем број на отровни и канцерогени материи, од каминот излегува чад кој што наликува на водена пареа.

Благодарејќи на оваа печка, фамилијата на Јовица Перишиќ, која што се грее на дрво, за греење на еден кат кој што има површина од 45 метри квадратни троши 3 кубици дрва.

Печката ја конструирал во 2011 година и истата е тестирана од страна на експертите од Машинскиот факултет од Ниш и сите тие беа одушевени со фактот дека од печката излегува чад кој што содржи минимални количества на штетни гасови во споредба со класичните печки на дрва.

Чадот кој што излегува од стандардните печки на дрва содржи голем број на експлозивни гасови, јаглерод – моноксид, азотни оксиди, водород и други штетни гасови. Кај стандардните печки овие гасови дополнително содржат ситни честички кои што ја загадуваат човековата средина“, изјави Пешиќ.

Тој додаде дека печката која што ја конструирал ги искористува овие експлозивни гасови и во контролиран процес ги гори во печката.

Извор: Танјуг

photo 5Амбициозниот проект за реконструкција на Ајфеловата кула кој е започнат во 2012 г. од архитектонското студио Moatti-Riviere покрај делот кој ја опфаќа целосната реконструкција на објектот, има за цел да го претвори првиот кат од Ајфеловата кула во дел во кој ќе ги користи алтернативните извори на енергија од соларната енергија и од енергијатa на ветерот. Освен тоа целиот прв кат се предвидува да има вградено ЛЕД осветлување за да се зголеми енергетската ефикасност на целата кула. Предвидени се четири ветерогенератори со вертикални оски кои ќе ги придвижуваат пумпите за снабдување со вода. Исто така се предвидува да се собира и користи и дождовната вода која ја има во изобилство поради честите врнежи.

photo 2Откако ќе се изврши реконструкцијата за искористување на енергетската ефикасност се предвидува на првиот кат да се направат: голема конференциска сала, кино сала со 200 седишта, како и центар за посетители. Сето тоа ќе биде поврзано со застаклени пешaчки патеки од каде ќе може да се види прекрасен поглед надолу на висина од 57м.

Ајфеловата кула претставува иновативно решение во доменот на искористување на енергетска ефикасност кај ваков тип на објекти кои претставуваат историска знаменитост, како и спој на архитектонски иновантни содржини кои ќе ја направат уште поатрактивно место за посетителите од сите аспекти.

photo 1

photo 3

photo 4Дизајнерот Michael Jantzen е проектант на иновативното  решение за самоодржлива урбана соларна фарма за производство на храна. Истата е наменета за урбани средини и единствен извор на енергија е соларната. Целата конструкција има цилиндричен облик, а материјалот од кој е изработена е целосно од челик. Во внатрешноста се наоѓа базен со вода во кој се одгледуваат риби, додека изметот од рибите се користи како ѓубриво за растенијата во фармата. Зградата се состои од два дела: стаклен и затворен дел.

photo 2Во текот на топлите денови објектот се отвора за да се спречи негово преголемо затоплување како и да се обезбеди природна вентилација. Во зима пак, објектот комплетно се затвора со што се спречува замрзнување на растенијата и на рибникот кои се сместени во зградата.

photo 5Централен дел од зградата зазема атрактивен аквариум со риби кој е обиколен со декоративни растенија, што значи објектот претставува истовремено и ботаничка градина и аквариум. Централниот дел на објектот содржи цилиндри изработени од материјал кој складира топлинска енергија, која во ладните временски периоди се користи за одржување на постојана температура во фармата. Исто така објектот располага со огромен соларен колектор кој ја следи положбата на сонцето во текот на денот, ја акумулира, а потоа ја рефлектира во внатрешноста со што ја одржува топлината на просторот.

Овој објект претставува систем за одржлив развој на енергијата како и решение за одгледување на органска храна во урбани средини.

photo 4Пасивната куќа е најнов стандард во градежништвото кој овозможува енергетска ефикасност, удобност, економска исплатливост, лесно достапен, а истовремено е и еколошки одржлив. Passivhaus /пасивната куќа не претставува бренд туку концепт на конструкција која може да се примени од страна на било кој инвеститор. Овој концепт на куќа даде многу позитивни резултати во праксата со самото тоа што овозможува заштеда на енергија до 90% во споредба со типичните европски згради и преку 75% заштеда на енергија во споредба со новоизградените објекти. Заштедата уште повеќе се отсликува во топлите климатски зони каде објектите имаат поголема потреба од ладење.

photo 1Пасивните куќи се исто така познати и по својата удобност, како и по неограниченоста при архитектонското проектирање.Тие ги користат внатрешните извори на енергија на објектот, соларната енергија како елементарен извор, а посебна енергетска ефикасност се постигнува со специјално вградените материјали со висок степен на изолација како што се посебниот вид на прозорци, надворешни ѕидови со добра изолација, покрив и подни плочи со посебна спецификација и вградени енергетски изолациони материјали.

Вентилирачките системи се задолжително застапени во пасивните куќи и освен тоа што овозможуваат врвен квалитет на воздухот во внатрешноста на објектот, истите овозможуваат топлината во веќе искористениот воздух повторно да се искористи, условно речено да се рециклира искористениот воздух. Со вградувањето на овие вентилациони системи се постигнува голема заштеда на енергијата при што воопшто не се намалува квалитетот и удобноста на живеење, туку истиот значајно се зголемува.

photo 3

Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (WeBSEFF) која работи под  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се покажа како навистина успешен проект за развој на енергетската ефикасност на земјите од Западен Балкан.

Првата етапа на проектот траеше од 2009 до 2013 година, пришто беа искористени 59 милиони евра за проекти поврзани со енергетска ефикасност, а резултираа со драстично намалување на CO2 емисиите еквивалентно на одземање на 77000 автомобили на гошно ниво и намалена потрошувачка на енергија.

Со оглед на успехот на првата етапа, WEBSEFF одлучи да спроведе и втора програма во која од октомври 2013 година пушти нова кредитна линија од 75 милиони евра кои ќе можат да ги искористат компаниите, јавните институции и општините во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Програмата можи да обезбеди до 2000000 евра за приватните бизниси и до 2500000 евра за општините. За да се обезбедат овие фондови постојат одредени предуслови. Во случај да се модернизира технологијата која се користи, мора да се гарантира дека потрошувачката или емисиите ќе бидат намалени за најмалку 20%. Доколку станува збор за инвестирање во објекти, тогаш мора да се гарантира најмалку 30% енергетска ефикасност. Висината на грантовите за бизнисите е 5-10%, а 10-15% за општините.

Партнер банките се: Raiffeisen Bank, UniCredit Bank од БиХ, Zagrebacka Banka, Erste Bank, PBZ од Хрватска, Banca Intesa, Komercijalna Banka од Србија, Охридска Банка, NLB Тутунска Банка од Македонија.

Според информациите на интернет страницата на WeBSEFF, во Македонија се искористени околу 11 милиони евра од инвестициските фондови. Најчеста причина за искористување на овие фондови се проекти за енергетса ефикасност и обновлива енергија. Најголем број на овие фондови се искористени во Скопје.

Извори:

http://www.webseff.com/index.php?lang=en

Ова е БП Хелиос куќа. Таа е еко-пријателска бензинска пумпа која продава бензин, но истовремено и ја образува јавноста за еколошките прашања.

Вода: Хелиос куќата ги надминува тековните еколошки стандарди за собирање на самото место, филтрација и дистрибуција на вода. Покривот собира дождовна вода за наводнување, дождот и водата на самото место се филтрираат со цел јаглеводородите да не ги загадуваат подземните води.
heliosHouse2

Топлина: Хелиос куќата е дизајнирана за да се минимизира ефектот на собирање на топлина само на едно место (the “heat island” effect). Зелениот покрив е со растенија отпорни на суша со што се намалува потребата за греење и ладење, се минимизира количината на дождовна вода и повторно оксидирање на воздухот преку апсорпција на CO2 (јаглерод).

Светлина: 90 соларни панели произведуваат доволно енергија за напојување на 2-3 куќи што е еквивалентно на нешто повеќе од 5000lbs (2268kg) / годишно намалување на CO2 . Енергетски ефикасното осветлување во покривот користи 16 проценти помалку електрична енергија отколку традиционалните станици.

Материјали: Местото користи обработено дрво од обновливи извори; плочките во купатилото се од 100 проценти рециклирано стакло; обележувањето е направено од нерѓосувачки челични остатоци од проектот; нерѓосувачкиот челик кој се користи на местото може да се рециклира.

До средината на XIX век Драгорот имал непостојан тек, нерегулиран и променлив водотек, па отклонувајќи лево и десно, формирал бројни блатишта, како во градот, уште повеќе под градот. Ваквите непредвидливи и чести екскурзии ги меморирале народните преданија, ги регистрирале хрониките, а ги потврдија и најновите археолошки истражувања.

Градбата на камените брегови (“ѕидови” според битолската терминологија) и регулирањето на водотекот оди во етапи и трае со децении. За османската власт од XIX век, која валијатските објекти беше ги лоцирала околу Драгорот, кротењето и регулирањето стана една од примарните задачи.
Почетоците веќе се познати, поврзани се со везирот Дарбухар Решид-паша и со Англичанецот Едмунд Спенсер. Годината на стартот е 1850.

Идејата и поттикот ја дал Англичанецот. Бил воено лице, по чин капетан. Пропатувал многу низ Ориентон, најверојатно заради разузнавачки цели, дошол и престојувал и во Македонија. Во Битола и во Струга имал средби со Робевци и со Димитрија Миладинов. Повикан бил да потпомогне во модернизирањето на османската војска заради што извесно време се задржал во центарот на Третата воена армија, во Битола.

Уште при првата обиколка на воените објекти, меѓу другите и на воената болница, останал вџашен од огромниот број заболени војници од грозница. Не му било тешко да заклучи дека виновникот се крие во блатиштата, посебно во оние покрај касарните. Претпоставките им ги изложил на неколкумината германски и италијански медицинари кои се наоѓале на работа во Битола и кои, како што известува, ги прифатиле како сосема рационални. Сакајќи да помогне, идејата за нивно исушување му ја изложил и на везирот, но, знаејќи со каков ков луѓе има работа, го направил тоа со такт и со мала итрина. ,,Благо му ја навестив можноста, вели, ека и самиот тој великан би можел да биде жртва,,. Престрашениот и испаничен османлија се фатил на јадицата и се вдал на работа. Паднала команда сиот град да се вклучи во дренажните работи и во подигањето на бреговите. Сите, ,,и дебелите граѓани меѓу рајата и мрзливите Турци, Евреите, Ерменците, кои никогаш дотогаш не фатиле лопата во раката, можеа да се видат како копаат дренажи,,, регистрира воодушевениот Англичанец во својот патопис. Се носеле цигли и камења, се правел малтер и се ѕидало коритото. Градежниот залет бил таков што започнале и непланирани, додатни активности, поплочување на улици, отстаранување месарски остави и други нечистотии, со еден збор, отпочнал крупен и многу значаен потфат.

Акцијава стана образец како со заеднички напори и со добра организација можат да се добијат резултати на дела од општа полза. Бидејќи патот Битола – Солун бил крајно руиниран, во 1858 година се донесе решение и тој да се реконструира.

Каде се подигнати првите метри од ѕидовите на Драгорот, останува непознато. Би било сфатливо да биле онаму каде се наоѓале административните згради и резиденциите, односно од Црн мост до Сарајот. Меѓутоа, од извештајот на Спенсер може посредно да се заклучи дека биле од левата страна, под денешниот Безистен, каде што се создавале и најголемите градски блата.

Следните метри се подигаат етапно и тоа трае до крајот на XIX, односно до почетокот на XX век. Спиридон Гопчевиќ, кој ја посетил Битола пред 1890 година известува дека во горниот тек веќе биле подигнати. Француската топографска карта, која потекнува од крајот на XIX или од почетокот на XX век, го потврдува тоа, со дополнение дека се изведени до Прилепското Џаде.

Разгледниците од османскиот период придодаваат уште некои сознанија.

Една, во боја, веројатно од почетокот на XX век, која го регистрира Црн мост, онаму каде водената струја врти вдесно и силно удира во брегот, открива дека на тоа место подигнат бил ѕид од обработени камења. Друга, која е снимена при престојот на султанот Решад V (1911), потврдува дека ѕидовите пред Стариот сарај се финализирани и дека тоа е изведено со камени коцки и со речен гранит.

Со сигурност се знае дека во 1913 година бреговите се докрај изведени, освен оние под Прилепското Џаде. Тоа го открива д-р Јевто Дедијер.