Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

ВТОРА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ“

април 24, 2014 - април 26, 2014

Од 24 до 26 април, во Скопје, по втор пат ќе се одржи студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој“. Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со ИЕЕЕ – Македонска секција на ИЕЕЕ.

studenska

Целта на оваа конференција е на едно место да ги обедини студентите, претставниците од академската средина и компаниите кои се занимаваат со проблематиката на енергетската ефикасност и одржливиот развој, за да се претстави работата на истите и да се овозможи научно-истражувачка работа во оваа област.

На конференцијата може да учествуват сите студенти, додипломци и постдипломци, кои сакаат да изработат и достават труд на некоја од темите на фокус на конференцијата, претставници од академската средина кои се занимаваат со оваа проблематика и сите компании кои во текот на своето секојдневно работење имплементираат методи кои се поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој.

Пријавувањето се врши преку испраќање на апликациониот формулар кој е поставен на веб страната на конференцијата каде што се поставени темите на предметен фокус на конференцијата, како и упатство и насоки за пишување на трудовите. Рокот за пријавување е до 20.02.2014.

За подетални информации и пријавување, посетете ја веб страната на  kонференцијата  http://skeeor.feit.ukim.edu.mk

Details

Start:
април 24, 2014
End:
април 26, 2014

Organizer

Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со ИЕЕЕ – Македонска секција на ИЕЕЕ
Website:
http://skeeor.feit.ukim.edu.mk

Venue

ВТОРА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ“
Скопје, 1000 Macedonia + Google Map