Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ 2014

јуни 10, 2014 - јуни 11, 2014

НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ ќе се одржи во Битола, на 10 и 11 Јуни 2014 г. во организација на Здружението за одржлив урбан развој АРХАМ од Битола

Целта на оваа конференција е да ги промовира инженерските, економските и правните постапки за унапредување на енергетската ефикасност кај градбите.

На конференцијата ќе земат учество инженери инволвирани во проектантскиот процес, научната јавност, институциите надлежни за спроведување на енергетските политики и заштита на животната средина, корисниците на јавните објекти, како и професионалните организации и граѓански здуженија кои се залагаат за енергетската ефикасност.

Се очекува оваа Конференција да влије врз јавната свест за неопходноста од унапредување на енергетската ефикасност, да ги стимулираат инженерските истражувања во оваа област, да ја оцени националната и локалната легислатива која е релевантна за енергетската ефикасност и да ги елаборира можностите за финансики и фискални олеснувања за изградба или реконструкција на градби од висока енергетска класа.

За постигнување на овие резултати ќе бидат одржани 6 пленарни сесии и ќе бидат промовирани: Пелагонискиот Регионален Центар за енергетска ефикасносност и новиот Водич за енергетска ефикасност.

Конференцијата е дел од меѓународниот проект УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА кој се спроведува под финансиско покровителство на Европската Унија, а во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција (2007-2013).

 
copyProject

Details

Start:
јуни 10, 2014
End:
јуни 11, 2014

Organizer

Архам
Website:
arcamb.org

Venue

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Битола, 7000 Macedonia
Website:
arcamb.org