Новости

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ 2014

(Битола, 10-11 Јуни 2014)

НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ ќе се одржи во Битола, на 10 и 11 Јуни 2014 г. во организација на Здружението за одржлив урбан развој АРХАМ од Битола Целта на оваа конференција е да ги промовира инжењерските, економските и правните постапки за унапредување на енергетската ефикасност кај градбите.

На конференцијата ќе земат учество инжењери инволвирани во проектантскиот процес, научната јавност, институциите надлежни за спроведување на енергетските политики и заштита на животната средина, корисниците на јавните објекти, како и професионалните организации и граѓански здуженија кои се залагаат за енергетската ефикасност. Се очекува оваа Конференција да влија врз јавната свест за неопходноста од унапредување на енергетската ефикасност, да ги стимилираат инжењерските истражувања во оваа област, да ја оцени националната и локалната легислатива која е релевантна за енергетската ефикасност и да ги елаборира можностите за финансики и фискални олеснувања за изградба или реконструкција на градби од висока енергетска класа.

За постигнување на овие резултати ќе бидат оджани 6 пленарни сесии и ќе бидат промовирани Пелагонискиот Регионален Центар за енергетска ефикасносност и новиот Виодич за енергетска ефикасност. Конференцијата е дел од меѓународниот проект УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ГРАДБИТЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, кој се спроведува под финансиско покровителство на Европската Унија, а во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција (2007-2013)