1.Саем за Здраво Градење и Штедење на Електрична Енергија Виена, 12-15 февруари 2015 год.

Изминатава зима АРХАМ беше дел од BAUEN & ENERGIE WIEN, саем за здраво градење, реновирање, безбедност, објекти со бањи, финансирање и штедење на електрична енергија. 

Главната цел на овој саем се најновите достигнувања и пронајдоци во областа на заштита на животната средина и климатските промени. Претставува многу популарен годишен собир на трговски експерти и потрошувачи кои имаат намера да градат нови домови и/или издатоци користејќи ги најдобрите и најновите материјали и системи кои индустријата ги нуди.

Околу 550 изложувачи даваат детални совети лице-в-лице во врска со градежни материјали, прозорци и врати, модерни монтажни куќички, финансирање, технологии за греење и апарати во домаќинството, објекти со бањи, како и енергетска ефикасност.

Bauen & Energie Wien е настан кој дава експертски совети за тековните проекти за изградба и реновирање во источниот дел на Австрија и околните области надвор од државата.

 

2. „Паметно Градење за Паметни градови”, 10-11 јуни 2015 год., Виена

После тоа, во јуни нашиот тим учествуваше во конференцијата ПАМЕТНО ГРАДЕЊЕ ЗА ПАМЕТНИ ГРАДОВИ во Виена.

Причината зошто се приклучивме кон овој настан беше да научиме повеќе за најновите австриски технологии и познавања во областа на одржливо градење, обновување, згуснување и пренамена, пронаоѓање на нови деловни партнери и меѓународно проширување, запознавање со новите пазари, поттикнување на прекугранични соработки итн.

И саемот и конференцијата беа успешни настани за нашето здружение преку кои се здобивме со обемни информации и значително знаење кои во иднина ќе ни помогнат за остварување на нашите цели.