Саем и Конференција за Водни Технологии и Управување со Животната Средина

Од 13-ти до 15-ти октомври 2015 г. во Израел ќе се одржи „Саем и Конференција за Водни Технологии и Управување со Животната Средина” ВАТЕК 2015 на која членовите на АРХАМ ќе земат активно учество.

ВАТЕК Израел се одржува на секои две години со времетраење од три дена. Претставува одлична можност да се слушнат и сретнат многубројни компании од областа на Вода, Енергија и Животна средина кои се во потрага по партнери, инвестиции и професионални услуги со цел понатамошен развој на своите компании. ВАТЕК Израел секогаш привлекува илјадници специјалисти од областа на вода и отпадни води од целиот свет.

Screen-Shot-2013-02-19-at-2.13.32-PMИзраел веќе подолго време игра важна улога во полето на чисти технологии, еволуирајќи од земја со ограничени природни ресурси во значаен протагонист на глобално ниво во рамките на одржливоста. Искористувајќи ја домашната високо квалификувана работна рака и огромното искуство во индустријата на врвни технологии, државата разви сопствена индустрија составена од преку 400 компании посветени исклучиво на развивање технологии за одржлива вода, енергија и животна средина.

Специфичните побарувачки за вода на Израел помогнаа во создавањето на многу значајни придонеси:

  • Неколку од најголемите светски погони за отсолување на вода преку повратна осмоза се наоѓаат во Израел (најпознати се Сорек и Хадара)
  • Светски лидер во искористување на рециклирана вода (преку 80% од земјоделската потрошувачка)
  • Еден од најнапредните системи за прочистување и пречистување на отпадни води
  • Единствен обединувачки начин на управување со различни извори на вода
  • Изградба, раководење и одржување на единствениот од неговиот вид Национален пренесувач на вода
  • Напредни решенија за подобар квалитет на водата и нејзина безбедна употреба
  • Напредни решенија за безбедноста на водата во татковината

 

Израелска седмицpapillonа на водата

„Поради потребата за соочување со тешките и неповолни климатски и географски услови и поддржан од претприемачката култура, Израел се претвори во уникатен светски центар за решавање на проблеми поврзани со водата. Еден од најголемите предизвици поврзани со водата на светско ниво е намалувањето на притисокот врз природните извори на вода, како и други извори, кои се последица на брзиот раст на населението, климатските промени и зголемената индустрицка активност. Јасно е дека во денешно време напредните технологии се клучот за поефикасно искористување на природните ресурси (вода, почва, енергија и материјали). Проценето е дека новите технологии и проникливите решенија во однос на водата ќе придонесат за обезбедување на речиси 2/3 од дополнителните количини на неопходна вода во наредните децении.

Со здружување на израелските и меѓународните деловни вршители, инженери за искористување на водата, политички носители на одлуки и водечки истражувачи, ВАТЕК 2015 се очекува да биде врвна изложба на највисоките технологии и решенија од Израел и од целиот свет.”

исечок од Писмото за добредојде на претседателот на ВАТЕК 2015

Ова е надворешната врска до официјалната интернет страница: www.watec-israel.com