Регионален центар за енергетска ефикасност

ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ е организиран како единица во рамките на проектниот партнер Здружението за одржлив урбан развој АРХИТЕКТУРА И АМБИЕНТ (АРХАМ), Битола.

Основната задача на Центарот е да продолжи со активностите на промоција на енергетската ефикасност кај зградите и по завршувањето на ПЕЕБПЕ проектот.

 

Мисија на  ЦЕНТАРОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Главна задача: Да се фокусира  кон потребите на потрошувачите од пелагонискиот регион и кон унапредувањето на услугите поврзани со енергетската ефикасност.

Посебни задачи : Спроведување на целите од Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност на Р.М. до 2020 г., особено во делот на:

  • Подигање на свеста и унапредување на знаењата и вештините за ЕЕ и енергетско управување
  • Размена на искуства  во  однос  на  проектите  поврзани  со  енергетската ефикасност и развивање на нови проекти
  • Промовирање на финансиските и економските механизми за ЕЕ
  • Промовирање на  најдобрите расположливи  технологии  за ЕЕ во  македонската  економија

 

Капацитети на  ЦЕНТАРОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Постојано собирање, класификација и вкрстување на податоци од следните области:

  •  Регулатива за ЕЕ (меѓународна, национална и локална)
  •  Релеванти носители и активисти на полето на енергетската ефикасност и
    заштитата на животната средина
  •  Стандарди, најдобри практики, применета наука и литература
  •  Пазар – понуда и побарувачка од ЕЕ произ
    води, услуги и изведби
  •  Регистри на сертифицирани објекти во регионот.

Соработки:IMG_6214

  • Агенцијата за енергетика на Р.М.
  • Локалните самоуправи и јавните претпријатија од Пелагонискиот регион
  • Национални и странски научно образовни институции
  • Комори и професионални здруженија

 

Активности на  ЦЕНТАРОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Информативна функција:

  •  Преку Центарот за енергетска ефикасност на www.arcamb.org
  •  Електронски известувања – квартални или почесто
  • Директна информација во просториите на центарот
  • Во соработка со медиумите…

Сервисна функција:

  • Технички советодавни услуги
  • Мерења и контрола на енергетската ефикасност на зградите
  • Развој на проектни апликации за Енергетска ефикасност
  • Финансиско советување

Развојна функција :

  • Следење и дисаминација на иновативни решенија и напредни технологии од областа на енергетската ефикасност
  • Унапредување на практични вештини за енергетски ефикасни изведби во зградарството
  • Активности на умрежување и синергија со релевантни организации

Промотивна функција

  • Активности за подигање на јавната свест
  • Активности за промоција на енергетскиот менаџмент
  • Активности за промоција на стоки и системи од висока енергетска класа

Во текот на ПЕЕБПЕ проектот кој доведе до воспоставување на овој центар изработивме многу корисни водичи како и иследување за енергетската ефикасност кои можете да ги преземете од следниве надворешни врски:

ВОДИЧ 1 за секој кој се грижи за заштеда на енергијата и заштита на околината – PEEBPE GUIDE EE BUILDINGS vol.1 f

ВОДИЧ 2 за сопственици и корисници – PEEBPE GUIDE EE BUILDINGS vol.2

ВОДИЧ 3 за енергетско ефикасно проектирање на нови и реконструкција на постоечки згради – PEEBPE GUIDE EE Buildings vol.3

ВОДИЧ 4 за спроведување на енергетска контрола кај зградите – PEEBPE GUIDE EE BUILDINGS vol.4

Иследување за ЕЕ – PEEBPE Energy Efficiency Study