Како започнавме

Започнавме во 2009 година како локално, непрофитно здружение на индивидуалци подготвени да се посветат на одржливиот урбан развој вон рамките на своите редовни професионални активности.

Нѐ поврзаа пријателството, меѓусебната почит и свеста дека само доколку ги споделиме личните знаења и вештини ќе можеме ефикасно да влијаеме врз горливите прашања кои го засегаат квалитетот на живеење во нашиот регион и пошироко.

Во концептот на АРХАМ ги заложивме личниот авторитет и искуството, стекнати од поединечната работа во други докажани хуманитарни и професионални организации.