Соработки

Соработници, партнери, сојузи и вмрежување – за нас секој облик на соработка значи зајакнување на заедничкиот капацитет за квалитетна промена.

Со Општината Ресен и Технолошкиот Едукативен Институт на Западна Македонија градиме прекугранични соработки со кој придонесуваме во развојот на поширокиот регион.
Соработката со Агенцијата за Енергетика ни отвора поголеми перспективи во заложбите за одржлив урбан развој преку енергетска ефикасност и обновливи извори за енергија
Бизнис Академијата Смилевски е наша отворена врата кон едуцирање на идните лидери за предностите на зелено претприемништво и општествено одговорни иницијативи.
Градежното наследство и традициите на урбано живеење се заеднички именител во нашата соработка со Заводот и Музеј Битола.
Повеќе информации за нашите соработници ќе најдете на нивните страници
Наша е желба постојано да ја прошируваме мрежата на соработници со домашни и меѓународни организации од научниот, јавниот и граѓанскиот сектор
Вашиот интерес за соработка можете да го пројавите тука.