Приоритети

Има толку многу нешта кои човек посакува да ги постигне во животот и уште повеќе нешта кои посакува да ги има.

Ние се здружуваме и организираме за да ги достигнеме полесно и побрзо оние нешта кои сме ги препознале како заеднички цели. Така настануваат организираните заложби.

Дури ни кога сме си ги утврдиле целите, не секоја може да се оствари веднаш или целосно. На некоја не и дошло времето, а на друга и поминал вистинскиот час.

За да се избере вистинската цел и да се создаде најдобрата акција за нејзино остварување, потребно е да се утврдат приоритетите.
Еднаш утврдени, приоритетите стануваат темелници врз кои ќе ја обликуваме посакуваната стварност.

Наши приоритети се:

  • Одржливоста, која е неопходна за достигнување на посакуваниот урбан развој
  • Квалитетот на живеење, низ кој ќе ги мериме придобивките од постигнатиот урбан развој и
  • Иновативноста, како механизам со кој ќе ги примениме современите европски политики за паметен раст, зелен раст и сеопфатен раст на нашата заедница.

Овие три приоритети се во фокусот на секоја наша програмапроект или акција.