Иновативност

Преку иновативно просторно и урбанистичко планирање и проектирање до одржливи и еднакви-за-сите урбани средини

80 % од граѓаните на Европа денес живеат во и околу градовите. Затоа  несоодветното урбанистичко планирање и проектирање може да има огромни последици врз нивните животи.

Европската Унија поддржува истражувања и иновации кои ќе обезбедат алатки и методи за поодржливо, поотворено, иновативно и сеопфатно урбано и пери -урбано планирање и проектирање.

Ова значи дека, поттикнувајќи ја иновативноста се залагаме за  разбирање на:

  • динамиката на урбаните заедници и социјалните промени
  • на јадрата на урбаните заедници како што се енергијата, животната средина, превозот и користењето  на земјиштето;
  • заемнодејството со околните рурални области;
  • улогата на иновативното проектирање во употребата на јавниот простор во градовите;
  • социјалната вклученост во контекст на миграциите;

Со воведените иновации воедно се остварува и намалување на урбаните ризици и криминал; се создаваат нови начини за да се намали притисокот врз природните ресурси и да стимулира одржлив економски раст со  истовремено подобрување на квалитетот на живеење на жителите на градовите.

Во 2013 г. Европската Комисија  издаде брошурка со наслов „Истражувања и иновации за одржлива урбана динамика“. Оваа брошурка е производ на еднодневната работилница со наслов „Одржлива урбана динамика“, како дел од подготовките на Генералниот директорат на Европската Комисија  за Програмата „Хоризонт 2020“.  Брошурката можете да ја преземете тука.