Квалитет на живеење

Терминот ‘‘квалитет на живеење‘‘ се користи за да се означи општата благосостојба на луѓето и општествата. Во услови кога не е усвоено едно општо стојалиште за поимот „квалитет на живеење“ и факторите кои го определуваат, ајде да видиме што модерните луѓе подразбираат под овој термин.

kvalitet-na-ziveenjeЧесто овој поим се меша со поимот ‘‘стандард на живеење‘‘. Стандардот на живеење е всушност проценка на богатството и вработеноста на една личност во општеството. Иако двата се фактори кои што го одредуваат квалитетот на живеење, тие не се единствените показатели.

Неспорно е дека современиот концепт за квалитетот на живеење е комбинација на фактори: окружувањето, стандардот на живеење, психичкото и физичкото здравје, општествената положба, образованието итн. Но, дали можеме да кажеме со сигурност дека овие се единствените фактори кои го определуваат квалитетот на животот или можеби постои и нешто друго? Има ли нешто што е поважно од сите овие добро познати и добро проучени фактори?

Вака, можеме да речеме дека со целокупниот развој на науката и новите технологии кои таа ги пружа животите на денешните луѓе станаа лесни. Но, како и се друго на овој свет, и тоа си има две лица.

На пример, многу од модерните електронски направи кои беа дизајнирани да ни ги направат животите полесни истовремено доведоа до уништување на основните вештини кај некои луѓе. Кога луѓето започнуваат да ги заменуваат нивните умови со компјутери, нозе со автомобили и вистинските разговори со СМС пораки, тогаш се соочуваме со голем проблем: наместо модерната технологија едноставно да им биде од голема помош, ние среќаваме луѓе кои што не научиле како да живеат без неа…

Токму затоа е особено важно да ги потсетиме луѓето за големата моќ која што лежи во нив, за нивната вистинска човечка природа, и секако за последиците од погрешната употреба на производите на високата технологија и од губењето на природните ресурси токму заради злоупотребата на оваа технологија . Со вака развиена индивидуална и колективна свест ние ќе се здобиеме со нов квалитет во живеењето.