Одржливост

Зборот ОДРЖЛИВОСТ го слушаме речиси секој ден. Но, што всушност тој збор значи? Дали се однесува на луѓето и културата, на нашето окружување, или на работните места и економијата? Или, пак, е во врска со градовите во земјата? Се однесува ли на мене или е нешто за што другите треба да се грижат?
odrzlivostОдржливоста се однесува на сите овие нешта и повеќе.

Одржливоста може да биде дефинирана како способност или капацитет на нештото да биде одржувано или да биде самоодржливо. Се работи за земање на она што ни е потребно да живееме сега, без да ја загрозуваме можноста на луѓето од иднината да ги задоволуваат своите потреби. Кога за една активност се вели дека е одржлива, таа би требала да има способност на вечно траење.

Употребата на поимот одржливост и ваквото разбирање на одржливоста влегоа во светска употреба по објавувањето на Извештајот за Околината и Развојот на Светската Комисија во 1987г. Овој извештај е уште познат како Brundtland Report.

Урбаниот развој треба да биде воден од одржливо планирање и визија на управување која се залага за меѓусебно поврзани зелени површини, повеќеначински превозен систем и развој на концептот за повеќенаменска употреба на просторот и градбите.

Одржливото планирање подразбира постојана соработка на креаторите на политики со планерите и изведувачите.
Сите овие носителии имаат заедничка визија на управување со опредметување на градежниот простор преку примена на градежни техники кои би го намалиле загадувањето и би создале рамнотежа помеѓу градбите и природните системи.

За да се овозможи создавањето на вакви подобни заедници во кои може да се живее истовремено штитејќи ги историските, културните и природните ресурси, потребно е да се промовираат разновидни јавни и јавно-приватни партнерства.

Дополнително, учеството на граѓанскиот сектор како показател на реалните потреби, како непресушен извор на иновативни решенија и реален критичар на постигнатото станува неопходен чинител за одржливоста на градовите.

sustainable_citiesСето ова ги сочинува чинителите на рамнотежа помеѓу „трите Е“ – Економски развој, Еколошки квалитет и социјална Еднаквост – формула која дава за резултат: одржливи градови.

Новите одржливи урбани планови треба да содржат палета на комерцијални, институционални, образовни употреби, исто како и разновидност во стилот, големината и цената на понудените домувања.

Задолжителното присуство на споредни патчиња, патеки и приватни улици поврзани со транзитните постојки и меѓусебно поврзаните мрежи на улици отвора можности во начинот на движење и помага во намалување на загадувањето преку намалување на честотата на употреба на возила.

Пешачењето, возењето велосипеди и многу други возможности во поглед на движењето треба да се охрабрува во текот на целото планирање на урбани центри или маала со мешано јадро на употреба, со лесно пристапни и добро дефинирани центри и рабови.

Ваквата трансформација на градовите ги претвора истите во лулки на квалитетно живеење